Одбележан денот на згрижувачките семејства

04.06.2014 15:21

Во Република Македонија има околу 180 згрижувачки семејства кои згрижуваат на 280 деца...

Во организација на Црвениот крст на Град Скопје и Министерството затруд и социјална политика денеска во Креативниот центар во Зоолошката градина во Скопје беше одбележан Денот на згрижувачки семејства.

Згрижувачки семејства во Република Македонија вршат една навистина благородна и хумана мисија, имаат големо значење за социјалната и детската заштита на дечињата без родители и родителска грижа, но и на децата со пречки во развојот. Како надлежно Министерство и во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме овие семејства во градење на нивните капацитети и подобрување на грижата за овие деца, но исто така ќе работиме и на зголемувањето на паричната помош и поддршка која ја добиваат згрижувачките семејства од страна на државата, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Во Република Македонија има околу 180 згрижувачки семејства кои згрижуваат на 280 деца.