Македонија

Пензионерите на протест пред Собрание, бараат линеарно зголемување на пензиите

12.12.2023 14:51

Попладнево во Скопје нов пензионерски протест, овој пат пред Собрание. Пензионерите не отстапуваат од барањето за зголемување на пензиите...

Последниот период од животот сакаме да го минеме достоинствено, а со овие пензии едвај преживуваме, порачаа пензионерите од цела држава кои дојдоа на протестот пред македонското Собрание.

Тие, меѓу другото, бараат линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, а минималната пензија да биде минимум 18.000 денари. Пензионерите изразуваат и незадоволство од владините антикризни мерки.

Барањата кои се веќе доставени до Собранието, добија поддршка од опозицијата. Пензионерите ги повикаа пратениците законот да биде донесен пред изборите.

 

Марија Котовска