Бочварски: Напредуваме во транспортната политика
Експертот што го ангажираше државата за автопатот кон Охрид го комплетира Извештајот. Наскоро ќе се знае како проектот ќе се тера понатаму. Додека ние се вртиме во круг, Брисел предупреди дека земјава не смее да остане слепо црево...

Извештајот на експертот за ФИДИК договори ќе биде предаден во Владата за седум до десет дена, по што ќе се знае како ќе продолжи доизградбата на автопатот Кичево – Охрид. Министерот за транспорт Бочварски уверува дека изградбата нема да запре, бидејќи извештајот ќе даде одговорот на кој начин најбрзо да се реализира проектот.
Додека кај нас е запнат проектот за автопатот кон Охрид, од европскиот Директорат ни порачаа дека во транспортот имаме уште многу работа.
Македонија не смее да биде изолирана – ни порачаа Европјаните.
Во меѓувреме, земјите од регионот работат на олеснување на транспортот и трговијата за да се подготват за членство во ЕУ.
Александра Велинова
