Украина

Зеленски во Конгресот и во Белата куќа да изврши притисок за поголема американска воена помош во борбата со руската инвазија

12.12.2023 16:28

ММФ одобри 900 милиони долари за Украина. Зеленски во убедувачка мисија во Вашингтон.

Украинскиот претседател во дводневна официјална посета на Вашингтон за да го убеди Конгресот да обезбеди поголема воена помош за Украина. Во Капитол Хил средба со претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, чии колеги – републиканци го блокираа предлог-законот со десетици милијарди долари воена помош. Откако ММФ потврди дека ќе исплати 900 милиони долари, и Светска Банка изрази подготвеност за финансиска поддршка за економско закрепнување на Киев.

„Украинската економија има резултати. Проектираниот раст годинава е најмалку 4,5 насто, додека инфлацијата продолжува да паѓа, со годишна стапка од 5,1 процент во ноемвриБорбата против корупцијата е импресивна. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со Украина и ќе ги повикуваме оние кои го поддржуваат Киев да останат цврсти во нивната финансиска поддршка“, изјави Кристалина Георгиева, директор на ММФ.

„Ние сме благодарни на нашите соработници и, се разбира, на САД и европските партнери за противвоздушната одбрана. Ќе продолжиме да ги правиме нашите градови побезбедни. Многу е важно што имаме добар дијалог и сме му благодарни на ММФ“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во Белата Куќа потврдена средбата Бајден-Зеленски за итните потреби со кои се соочува Киев во борбата против руската инвазија. Од Кремљ велат дека секоја нова американска помош за Украина ќе биде осудена на фијаско.

 

Маријана Димовска