СВР Скопје доби пет нови скутери
Скутерите марка СИМ се донација од Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“...

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска од скопскиот градоначалник Коце Трајановски ги прими клучевите за петте скутери, донација за потребите на СВР Скопје. Целта на донацијата е зголемување на мобилноста и ефикасноста на полициските службеници на подрачјето на Град Скопје.
Скутерите марка СИМ се донација од Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“. За набавката на скутерите „Градски паркинг“ потроши 600 илјади денари.
Трајановски истакна дека донацијата е знак на благодарност за добрата соработка што ја имаат воспоставено со МВР. Појасни дека соработката се одвива преку редовни состаноци меѓу него и градоначалниците на скопските општини со МВР и со СВР Скопје.
