Транспарентност за доверба во институциите
Транспарентноста и отчетноста се клучни за враќањето на довербата во државните органи. Ама, патот ќе биде долг. Граѓаните имаат најмала доверба во клучните институции, Собранието и Обвинителството.

Институционалната транспарентност е подобрена изминатите години, но јавната доверба во институциите е ниска a перцепцијата на граѓаните сепак е разочарувачка. Ова беше кажано на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, на Институтот за комуникациски студии.
Сепак, премиерот Ковачевски задоволен од нивото на транспарентност на неговата Влада. Негативните оценки од граѓаните, според него, се должат на перцепција, а не на статистички податоци.
Амбасадорот на Обединето Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, нагласи дека отвореноста на владите е важно за откривање и спречување на корупцијата, што е главна грижа на граѓаните. Тој посебно ја напомена важноста за финансиска транспарентност и за тоа како се трошат парите на даночните обврзници.
Директорката на Институтот Жанета Трајкоска кажа дека има епидемија на недоверба во трите власти: извршната, законодавната и судската и дека тоа е шлаканица за сите. Висок е процентот на недоверба и во медиумите.
Катерина Топалова
