Судски совет

Оценската мисија подготви 40 препораки за Судскиот совет, амбасадорот Гир бара акција

12.12.2023 17:21

Судскиот систем е во критична точка и потребна е итна акција, ЕУ има 40 препораки за реформи на Судскиот совет...

Оценската мисија за работата на Судскиот совет подготвил 40 препораки за подобрување на работата на ова тело.

„Потребни се итни акции оти судскиот систем е во критична точка. Оценската мисија препорачува законски измени на работата на Судскиот совет, интегритет на членовите, транспарентност при изборот и отповикување на членови и објавување на одлуките во јавноста, намалување на мандатот од сегашните 6 години, независно финансирање, непотребно е правото на глас на министерот за правда и назначен член од претседателот, како и поголемо вклучување на невладиниот сектор во работата. Ако не се спроведат овие препораки од сите институции од оваа или од идната влада, оценките на оценувачката мисија се бескорисни“, изјави евроамбасадор Гир на брифинг со новинарите.

„Револуција ќе биде ако Судскиот совет спроведе 17 препораки кои се можни веднаш да без уставни измени“, вели евроамбасадорот. Според него, ЕУ нема да стави вето ако не се спроведат препораките за судството, но владеењето на правото е барање за идно напредување на земјава во евроинтеграцијата, па мора да бидат вметнати во патоказот за владеење на правото.