Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на собраниска седница
Владата го утврди текстот на Предлогот законот на 9 месецов, на предлог на Министерството за труд и социјална политика. Со него се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани.

Во Собрание денеска треба да продолжи 136. седница на која треба да се разгледува Предлог законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани, по скратена постапка.
Владата го утврди текстот на Предлогот законот на 9 месецов, на предлог на Министерството за труд и социјална политика. Со него се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани. Датумот на исплата на финансиската поддршка е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.
На 136 седница на Собранието треба да се расправа и за Предлог законот за задолжување на државава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги, по скратена постапка.
