Конференција

Пендаровски и Гир на конференција на Националната конвенција за Европската Унија

13.12.2023 08:24

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе биде домаќин на Пленарната конференција, со која ја одбележува шестата година од нејзините активности.

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе биде домаќин на Пленарната конференција, со која ја одбележува шестата година од нејзините активности, на тема „Национална конвенција за Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“, во организација на Европското движење во РСМ.

Како што соопштија од Европското движење во Република Северна Македонија, воведни обраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски и евроамбасадорот Дејвид Гир.
На првата панел-дискусија „Владеење на правото-темелна општествена вредност: Патоказите и патиштата кон излезот од распаќето“, на агендата испратена од Европското движење во Република Северна Македонија, меѓу другите се и Кренар Лога, министер за правда, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и копретседавач во НКЕУ-МК, како и Александра Деаноска – Трендафилова, координаторка на Работната група 3 (Поглавје 23), професорка на Правиот факултет „Јустинијан први“ – Универзитет „Св. Кирили Методиј“ – Скопје.