Валкани трикови
По поразот во пријателски натпревар со 1-0 од Босна и Херцеговина, селекторот на Мексико Мигуел Херера не го криеше незадоволството и бесот на прес конференцијата по средбата, не толку поради поразот туку по потегот на неговиот колега Сафет Сушиќ.Имено секекторот на Босна во последен момент пред натпреварот со Мексико смени тројца играчи од најавените единаесет.

„Се надевам дека вакви валкани трикови нема да се случуваат на Светското првенство.Играч во последен момент се менува само ако се повреди на загревање. Сушиќ покажа недостаток на почитување и сериозност, а судиите само се смееја“-истакна Херера, кој својот состав го одредил на основа на најавениот противнички.
Во текот на натпреварот Херера неколкупати ја менуваше формацијата но неуспеа да ја најде вистинската за победа. Сепак вели дека Босна е зад нив и се концентрираат за последната контрола против Португалија пред стартот на СП во групата со Хрватска, Камерун и домаќинот Бразил.