Судство
Јадранка Дабовиќ-Анастасовска е избрана за нов уставен судија
13.12.2023 08:37
Собранието на вчерашната 131-та седница, со 64 гласови „за‘“ја избра Јадранка Дабовиќ-Анастасовска за судија на Уставниот суд.

Собранието на вчерашната 131-та седница, со 64 гласови „за‘“ја избра Јадранка Дабовиќ-Анастасовска за судија на Уставниот суд.
Дабовиќ Анастасовска по изборот ја потпиша свечената изјава со која се обврза функцијата да ја извршува совесно и одговорно и дека ги почитува Уставот и законите на државата. Професорката на Правниот факултет, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, е избрана на предлог на СДСМ на местото на пензионираниот судија, Јован Јосифовски, чиј мандат истече на почетокот на минатата година.
