Зеленски во Вашингтон, скептичен прием од републиканците
Украинскиот претседател Зеленски отпатува во Вашингтон за да побара помош за поддршка на Украина во војната со Русија, но се соочи со скептичен прием од републикански законодавци...

Американскиот претседател Бајден истакна дека би бил божиќен подарок за рускиот претседател Путин доколку Конгресот не успее да усвои нова воена помош за Киев. Украинскиот претседател Зеленски отпатува во Вашингтон за да побара помош за поддршка на Украина во војната со Русија, но се соочи со скептичен прием од републикански законодавци.
Зеленски им се заблагодари на САД и на другите сојузници за досегашната поддршка. Рече дека сака да го зајакне украинскиот систем за воздушна одбрана, кој останува клучен за заштита на цивилното население во земјата.
Ова е седма средба меѓу Бајден и Зеленски и трета посета на Зеленски на Вашингтон од почетокот на руската инвазија.
