ГАК

ГАК препорача продолжување на европскиот пат на земјава по усвојување на уставните амандмани

13.12.2023 09:07

Северна Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со Европската Унија откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, што е предвидено со Преговарачката рамка и со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година.

Северна Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со Европската Унија откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, што е предвидено со Преговарачката рамка и со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, се наведува во заклучоците усвоени на денешното заседание на Советот за општи работи на Унијата.

Како што изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по заседанието на ГАК, усвоените заклучоци се фундаментални за напредокот на политиката за проширување и со нив се потврдува напредокот на 10-те кандидати за членство и се испраќа јасна порака за посветеност на проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија.