„Спортски бон-тон“ за прмоција на спортот преку игра и забава на младите
Три години по ред промоција на спортот преку игра и забава на младите, со цел, подобрување на меѓуетничкиот соживот. Со поддршка на Американската амбасада, покровител на спортскиот бон-тон е претседателот Ѓорге Иванов.

„Нашите деца треба да спортуваат, да растат и да живеат заедно. Тоа е суштината на македонскиот модел на соживот и почитување што се пренесува од предците на потомците, од родителите на децата и од наставниците на учениците“, истакна претседателот Ѓорге Иванов по потпишувањето на меморандумот за соработка за спроведување на проектот „Спортски бон-тон“.
Меморандумот за соработка денеска го потпишаа Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал“–Скопје и градоначалниците на општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и на Свети Николе, вклучени во проектот.