МВР
Во тек е голема полициска акција во Скопје
13.12.2023 09:36
Голема полициска акција во моментов се одвива на подрачјето на Скопје...

Голема полициска акција во моментов се одвива на подрачјето на Скопје.
Се вршат претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал.
И специјалците се на терен, а како што дознаваат повеќе медиуми веќе уапсени се десетина лица.
МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.
