Царинска управа

ЦУ: Спречен обид за нелегално внесување девизи скриени под акумулатор

13.12.2023 10:50

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд запленија девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата...

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд запленија девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштуваат од Царинската управа.

Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.