Велика Британија
Заразна болест, позната како „100-дневна кашлица“, брзо се шири низ Велика Британија
13.12.2023 11:33
Здравствените експерти во Велика Британија со предупредување за заразна болест позната како „100-дневна кашлица“ што брзо се шири низ земјата...

Здравствените експерти во Велика Британија со предупредување за заразна болест позната како „100-дневна кашлица“ што брзо се шири низ земјата.
Бактериската инфекција, започнува со симптоми слични на настинка, но може да напредува до интензивни напади на кашлање што траат до три месеци.
Агенцијата за здравствена безбедност на островот соопшти дека имало 716 случаи на голема кашлица, бактериска инфекција на белите дробови, меѓу јули и ноември – трипати повеќе од истиот период во 2022 година.
