Најмалку 50 лица ранети во руски ракетен напад врз Киев
Оштетени се некои згради, детска болница и водовод, соопштија украинските власти. Украинската противвоздушна одбрана ги соборила сите ракети кои биле истрелани кон украинската престолнина...

Најмалку 50 лица се ранети во руски ракетен напад врз Киев. Оштетени се некои згради, детска болница и водовод, соопштија украинските власти. Украинската противвоздушна одбрана ги соборила сите ракети кои биле истрелани кон украинската престолнина.
Претходно, претседателот Зеленски беше во посета на САД за да побара помош за поддршка на Украина во војната со Русија. Американскиот претседател Бајден ги предупреди Републиканците во Конгресот дека прекин на помошта за Украина, би бил „божиќен подарок“ за рускиот претседател Путин. Одобрени се нови 200 милиони долари помош за Киев.
