ХОЛАНДИЈА
Закани од терористички напади во Холандија
13.12.2023 12:09
Нивото за можни закани од терористички напади во Холандија е подигнато на четврто од пет нивоа...

Заканата од терористички напади во Холандија е зголемена во последните месеци, објави денеска холандската антитерористичка агенција. Нивото за можни закани е подигнато на четврто од пет нивоа.
Организациите како ИСИС и Ал Каеда ја користат војната во Појасот Газа за да ги охрабрат своите симпатизери да вршат напади во западните земји, се наведува во соопштението на холандската антитерористичка агенција.
