Во Брисел денеска самит ЕУ – Западен Балкан
Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел пред претстојниот последен Совет на ЕУ за време на шпанското претседателство. На самитот се очекува на лидерите од земјите од Западниот Балкан да им се претстават заклучоците од Советот за општи работи во однос на проширувањето...

Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел пред претстојниот последен Совет на ЕУ за време на шпанското претседателство. На самитот се очекува на лидерите од земјите од Западниот Балкан да им се претстават заклучоците од Советот за општи работи во однос на проширувањето.
Брисел ќе побара земјите коишто ги почнаа преговорите да ги забрзаат реформите и да ги исполнат условите за отворање на поглавјата.
За Северна Македонија ЕУ ќе констатира дека не е исполнет условот од преговарачката рамка за уставни измени, и дека штом тој се исполни автоматски ќе се одржи втората меѓувладина конференција и отворањето на поглавјата од кластерот 1 – основи.
Брисел очекува земјава да ги забрза реформите за независно судство, на јавната администрација, засилување на борбата против корупцијата и основните човекови права вклучувајќи ги правата на малцинствата и заедниците, слобода на изразување и на медиумите, како и добрососедските односи.
