мвр
Приведен разбојник во Битола, украденото вратено на сопственикот
13.12.2023 12:56
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава...

Денеска во 03.50 часот во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ казниво по член 237 ст. 1 од КЗ. Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул. „Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
