Национална конвенција за ЕУ

Темелни вредности за европска иднина

13.12.2023 13:30

Во Скопје дебата за европските вредности. Корупцијата рак-рана на македонското општество...

Во Брисел попладне почнува самит ЕУ-Западен Балкан. Таму е и премиерот Ковачевски. Се очекува на лидерите од земјите од Западниот Балкан да им се претстават заклучоците од Советот за општи работи во однос на проширувањето. Брисел ќе побара земјите коишто ги почнаа преговорите да ги забрзаат реформите и да ги исполнат условите за отворање на поглавјата. Во Скопје дебата за европските вредности. Корупцијата рак-рана на македонското општество. На една маса судската и извршната власт. Известува Анита Димитријевска-Велковска.