мвр
Приведен дилер во Куманово
13.12.2023 13:48
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и дробилка...

Вчера во 19.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С. (52) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и дробилка.
А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
