Дубаи

Нациите се согласија да ги исфрлат фосилните горива

13.12.2023 14:30

На Климатската конференција КОП28 во Дубаи речиси 200 држави се сложија за намалување на последиците од климатските промени...

Постигнат историски договор за напуштање на употребата на фосилните горива. На Климатската конференција КОП28 во Дубаи речиси 200 држави се сложија за намалување на последиците од климатските промени.

Во договорот стои дека светот треба тројно да го зголеми капацитетот за обновлива енергија до 2030 година, а до 2050 да се постигне нула нето емисии во согласност со науката.

Претставниците на Обединетите Арапски Емирати, кои беа организатори на климатската конференција, изразија задоволство од постигнатиот консензус.