Швајцарија
Започна Глобалниот бегалски форум
13.12.2023 14:31
Почна Глобалниот форум за бегалци 2023 во Женева, Швајцарија...

Почна Глобалниот форум за бегалци 2023 во Женева, Швајцарија.
Форумот кој се одржува на секои четири години е најголемиот меѓународен собир во светот за прашањето за бегалците. Се очекува да биде потпишана „Заедничка заложба на Обединетите нации“ за поддршка на државите кои се на удар на бегалски бранови и вклучувањето на бегалците во државните планови, буџети и системи за пристап до услуги и работни места.
Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнаа на југот од Европа.
