Џезот доби свој дом, следува реновирање и адаптирање на просторот во МОБ
Џезот доби свој дом во МОБ. Над 11. 700. 000 денари, од кои 10 милиони денари од ТАВ-програмата, ќе се искористат за реновирање и адаптирање на просторот од околу 400 квадратни метри...
Џезот доби свој дом во МОБ. Со оваа владина одлука за постојана адреса на џезерите ќе се задржи кадарот. Нашите концерти се на високо уметничко ниво и во иднина верувам дека ќе бидеме уште подобри – вели Гоце Стефковски, одговорен за џез-оркестарот.
Над 11. 700. 000 денари, од кои 10 милиони денари од ТАВ-програмата, ќе се искористат за реновирање и адаптирање на просторот од околу 400 квадратни метри.
Ова е еден од 95-те специјални проекти на Владата кои ги финансира ТАВ, а истите се со вкупна вредност од 49,7 милиони евра со кои се реализираат инфраструктурни проекти низ сите општини. До крајот на оваа година ќе бидат завршени 70 проекти.
Александра Спировска
