Македонија

Агелер: Во Македонија има епидемија на корупција, за Анѓушев имаме цврсти докази

13.12.2023 15:53

На „црната листа“ на САД последниве месеци се најдоа повеќе познати имиња на политичари и бизнисмени, а тоа е обид македонските власти да почнат да се справуваат со проблемите – посочува Агелер.

Во Македонија има епидемија на корупција, во последните 10 години таа е значително зголемена и е присутна во сите пори на општеството – вели американската амбасадорка Анџела Агелер. Во последните 32 години, САД во земјава вложи 500 милиони долари за владеење на правото и добро владеење, но напредок нема.

На „црната листа“ на САД последниве месеци се најдоа повеќе познати имиња на политичари и бизнисмени, а тоа е обид македонските власти да почнат да се справуваат со проблемите – посочува Агелер.

Она што ја збунува американската амбасадорка е тоа што никој во земјава не е изненаден по секое објавување на ново име.

Во јуни годинава кога САД го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, ниту еден правосуден орган или институција не ги побарал доказите со цел да се отвори постапка.

За поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, Агелер вели имаат цврсти докази дека бил вмешан во повеќе корумпирани активности поради кои е ставен на „црната листа“. Анѓушев најави дека ќе се жали на одлуката преку свој адвокат во САД, но според Агелер тоа нема ништо да смени.