Шекспировиот „Глоб“ театар во Македонија
04.06.2014 16:47
Нивната турнеја е по повод 450-годишнината од раѓањето на познатиот драматург Вилијам Шекспир...

Вечерва во Македонија пристигнува еден од најреномираните и најпрестижните британски театри- шекспировиот „Глоб“ од Лондон.
Во следните два дена тие ќе го оживеат на сцената на Македонскиот народен театар познатиот Хамлет.
Нивната турнеја е по повод 450-годишнината од раѓањето на познатиот драматург Вилијам Шекспир.
Претставите ќе се одиграат во рамки на МНТфест кадешто ќе настапи и Народниот театар од Белград.
Култниот театарот „Глоб“ ќе ја одигра претставата Хамлет и во Хераклеја во рамки на Шекспировиот викенд.
