Самит ЕУ-Западен Балкан
Пред лидерите на шесте земји декларација за целосна посветеност кон перспективата за членство на регионов. Уставните измени-пречка на евроинтегративниот пат…

Почна Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел пред последниот Совет на Европската унија за време на шпанското претседателство. На Самитот, на лидерите од земјите од Западниот Балкан ќе им се претстават заклучоците од Советот за општи работи во однос на проширувањето.
Брисел ќе побара земјите коишто ги почнаа преговорите да ги забрзаат реформите и да ги исполнат условите за отворање на поглавјата. За Северна Македонија, ЕУ ќе констатира дека не е исполнет условот од Преговарачката рамка за уставни измени, и дека штом тој се исполни автоматски ќе се одржи Втората меѓувладина конференција и отворањето на поглавјата од Кластерот 1 – Основи.
Брисел очекува земјава да ги забрза реформите за независно судство, за ефикасна јавна администрација, засилување на борбата против корупцијата и организираниот криминал, унапредување на основните човекови права, вклучувајќи ги правата на малцинствата и заедниците, слобода на изразувањето и на медиумите, како и добрососедските односи.
Известува Ирина Гелевска
