Македонија

МТВ одбележува 59 години од емитувањето на првиот Дневник

14.12.2023 08:38

Пред 59 години, од импровизирано студио, беа емитувани првите вести на тогашната Телевизија Скопје, во траење од 20 минути...

14-ти декември 1964-та година е значаен ден за јавниот сервис. Пред 59 години, од импровизирано студио, беа емитувани првите вести на тогашната Телевизија Скопје, во траење од 20 минути. Уредник беше Димче Божиновски, а спикери Бранка Станковска и Александар Ацев.

Информативната програма ги овековечува сите општествени и политички настани. Колегите кои неуморно работат сите овие години се дел од мозаикот на МТВ, ги вложуваат својата енергија, интелект и време за да создадат квалитетен медиумски производ.

Низ годините- постојан развој со нова техника, професионален кадар, секојдневно информации од сите области. Со осамостојувањето на Македонија, МТВ стана „Ваш јавен сервис“.