МВР: 251 санкционирани возачи во Скопје, 130 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 130 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за управување под дејство на алкохол...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 130 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за управување под дејство на алкохол...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
