Министерката Петровска на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“
Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на отворањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“, која денеска и утре се одржува во Скопје...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на отворањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“, која денеска и утре се одржува во Скопје.
Регионалната конференција е во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан.
Како што најавуваат организаторите, на конференцијата ќе се обратат и Кристин Мелсом, амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП и Дајана Цвјетковиќ, програмската менаџерка на СМАРТ Балкан од Центарот за промоција на граѓанското општество од БиХ.
