Русија
Путин ќе ја одржи својата годишна прес-конференција
14.12.2023 09:27
Овој пат годишната прес-конференција ќе биде за избрани новинари, по што ќе следи сесија со прашања и одговори за обичните Руси, наречена „директна линија со Владимир Путин“...

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи својата маратонска прес-конференција, откако лани го откажа годишниот декемвриски спектакл. Овој пат таа ќе биде за избрани новинари, по што ќе следи сесија со прашања и одговори за обичните Руси, наречена „директна линија со Владимир Путин“.
Руските државни медиуми објавија дека веќе се поднесени повеќе од милион и пол прашања. Се очекува во фокусот да биде руско-украинскиот конфликт, кој и натаму продолжува, како и меѓусебните обвинувања на релација Киев-Москва.
