Со стратегија за наводнување ќе се спасува земјоделството

04.06.2014 17:38

Државата ќе инвестира 200 милиони евра во системите за наводнување. Целта е да се одолее на климатските промени и да се спаси квалитетот на производите...

Со нови системи за наводнување, ќе се спасува земјоделството од суши и поплави. Проектот вреден над 200 милиони евра ќе треба да го зголеми производството и квалитетот на земјоделските производи. Државата изготви стратегија која ќе се реализира од 2015 до 2025 година.

„Владата во наредниот период ќе обрне големо внимание на реконструкција, надградба, градба, на системи за наводнување бидејќи тоа остана како еден од покрупните проблеми во земјоделието“, изјави премиерот Никола Груевски.

„Имаме намера површините под систем на наводнување од 80 до 85 илјади хектари, но исто така и под системот за одводнување“, изјави министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

Претставниците на земјоделците се задоволни. Според нив, со новата стратегија ќе се решат проблемите со кои досега се соочувале.

„Постоечките ситеми не функционираат како треба, има нерационално искористување на водата“, смета Вељо Тантаров, претседател на Сојуз на земјоделци.

„Како што се случуваат климатските промени може да се случи големи делови од македонија, да останат без земјоделство“, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.

Пред отпочнување на реализација на страгијата наредната година, Влдата годинава ќе изгради два капитални објекти. Брана на Оризарска река во Кочани и изградба на браната во Гевгелија, со тоа доплнителни 6 000 хектари земјоделска површина ќе добие ситем за наводнување.

 

Наташа Јанчиќ