Македонија

Спасовски на средба со амбасадорката на ДЦАФ, Чуард

14.12.2023 11:29

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари билатерален состанок со амбасадорката на Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, (ДЦАФ), Натали Чуард, на кој двајцата потпишаа Договор за донација на лабораториска опрема од страна на ДЦАФ наменет за потребите на Одделот за форензички испитувања. Договорот...

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари билатерален состанок со амбасадорката на Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, (ДЦАФ), Натали Чуард, на кој двајцата потпишаа Договор за донација на лабораториска опрема од страна на ДЦАФ наменет за потребите на Одделот за форензички испитувања. Договорот е потпишан во согласност со Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и ДЦАФ, потпишан на 19 октомври 2022 година. Предмет на договорот е нова опрема со вкупна вредност од околу 50.000 евра, наменета за потребите на Одделението за детекција на хумани идентификациски траги од Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи, во рамките на ДЦАФ-спроведената Програма за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија (2021-2026).

Во својство на развојни партнери на ДЦАФ, програмски донатори, Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), Министерството за надворешни работи на Холандија, Шведската агенција за меѓународен развој (Сида) финансиски ја поддржаа набавката на предметната донација во овој Договор. Целта на оваа донација е поддршка на Министерството за внатрешни работи во подобрување на капацитетите за квалитетно чување и ракување со биолошките примероци, минимизирање на ризикот од контаминација и нивно квалитетно процесирање за ДНК профилирање.

Министерот Спасовски изрази благодарност до ДЦАФ за експертската и техничката поддршка во најважните реформски процесите изминативе години, коишто во голема мера придонесоа за враќање на довербата на граѓаните во полицијата.

Амбасадорката Чуард се заблагодари на укажаната можност да поразговараат за успесите, честитајќи му на министерот Спасовски за соработката и враќањето на довербата во полицијата. Таа изрази уверување дека и во иднина соработката ќе биде само збогатена и надградена и посака успех на државата во процесот на преговори со Европската Унија.

По средбата, делегациите на МВР и ДЦАФ го посетија новиот објект на Одделот за форензички испитувања во кругот на Министерството. Ја посетија и лабораторијата за обработка на доказен материјал каде што ќе биде сместена донираната опрема од ДЦАФ.