Свет
Репортери без граници: 45 новинари загинале годинава вршејќи ја својата работа
14.12.2023 11:43
Репортери без граници ја објави црната статистика во професијата за 2023-та година...

Репортери без граници ја објави црната статистика во професијата за 2023-та година. Четириесет и пет новинари загинале годинава вршејќи ја својата работа. Седумнаесет новинари го загубија животот во октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, но сепак, организацијата бележи најмалку смртни случаи од 2002-ра година.
Значително помалку смртни случаи на новинари имало во Јужна Америка. Во Мексико, од вкупно 84 исчезнати новинари, речиси секој трет е Мексиканец, велат од невладината организација.
