Џафери: Македонија ја поддржува мисијата на НАТО во Авганистан
Македонија е подготвена да придонесе со експерти за обука и советување во секторот на воената полиција, врските и други области, а сето тоа во согласност на потребите на Авганистан и мисијата...

Република Македонија во целост е посветена на опредлабата за учество во мисијата пост ИСАФ во Авганистан „Одлучна подршка“ која ќе започне на 1 јануари 2015 година, а пример за тоа е континуираниот придонес кој го даваме во мисијата на ИСАФ на Алијансата.
Ова е е пораката која министерот за одбрана Талат Џафери ја пренел на денешниот сосотанок на земјите контрибутори на ИСАФ во формат министри за одбрана.
„Македонија е подготвена да придонесе со експерти за обука и советување во секторот на воената полиција, врските и други области, а сето тоа во согласност на потребите на Авганистан и мисијата, притоа земајќи ги предвид националните способности и капацитети“, изјави министерот за одбрана Џафери.
На денешниот состанок во седиштетот на НАТО присуствуваше и високиот преставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
Денешниот сосотанок на земјите контрибутори на ИСАФ е последен во формат на миситри на одбрана пред Самитот на НАТО Алијансата кој ќе се одржи во септември во Велс.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
