Безбедност

Петровска: Мирен и безбеден Балкан е можен само ако имаме интегриран регион

14.12.2023 12:57

Мирен и безбеден Балкан е можен само ако имаме интегриран регион, вели министерката Петровска. Според неа, подготвеноста на државните институции да излезат на крај со конвенционални напади е многу важна. Клучна улога во промовирање мир во регионот можат да имаат и невладините организации.

Во Министерството за одбрана во изминатите неколку месеци не биле регистрирани кибернапади кои би наштетиле на нашата инфраструктура, вели министерката Петровска. Според неа, подготвеноста на државните институции да излезат на крај со конвенционални напади е многу важна. Значајни се и координацијата и размената на информациите со партнерските служби на земјите на НАТО.

Клучна улога во градење отпорност и промовирање мир во регионот можат да имаат и невладините организации.

На панел-конференцијата за мирот како услов за економски просперитет на регионот се дебатираше и за изнаоѓање начини за намалување на родово базираното насилство.

Игор Панов