Кривичен Суд

Изречени мерки за уривачите на хотелот во старата скопска чаршија

14.12.2023 13:26

Обвинителството ги товари за направена штета од непроценлива вредност за државата, а буџетот оштетен над 3 милиони евра...

11-мина осомничени за злосторничко здружување и уништување културно наследство. Обвинителството ги товари за направена штета од непроценлива вредност за државата, а буџетот оштетен над 3 милиони евра. Какви мерки им одреди судијата на претходна постапка на приведените, од пред Кривичен суд известува Наташа Гркова Петрушевска.