Сопствениците на струмички „Глобал“ добивале тендери од Заев
Наводно, оваа фирма со општина Струмица имала склучено договор за јавни набавки во висина од над милион и 600 илјади евра...

По легализацијата на Глобал во Струмица, медиумите пишуваат дека сопствениците на трговскиот центар добивале и тендери од општината и општинските јавни претпрјатија. Според пишувањата, фирмата на еден од сопствениците на Глобал, добила уште 11 други тендери со милионска вредност.
Наводно, оваа фирма со општина Струмица имала склучено договор за јавни набавки во висина од над милион и 600 илјади евра. Од нив, како што се наведува во написите во медиумите, 8 договори биле склучени директно со општината во вредност од 83.322.641 денар. Три договори биле потпишани со комунално претпријатие Комуналец од Струмица во висина од 18 милиони, 31 илјада и 815 денари.
Претходно, излегоа информации дека и други фирми блиски до сдсм добивале општински тендери. ,едиумите објавија дека семејна фирма на поранешна пратеничка од СДСМ од Струмица добила 48 јавни набавки во вкупна вредност од 20 милиони 111 илјади и 810 денари од општина струмица и локалните институции.
Медиумите пласираа информации дека и фирми блиски на таткото и лидерот на струмичкиот градоначалник добиле тендер за набавка на прехрамбени производи и средства за хигиена.
Владејачката партија тврди дека бизнисите на Заеви добиле повеќе од над 3 милиони денари. Тогаш, општина Струмица излезе со став дека работи транспарентно и дека тендери и јавни набавки добивале и фирми кои што се блсики до ВМРО-ДПМНЕ.
Катерина Давчева
