Здравство

Одлив на кадри од Високата медицинска школа во странските клиники

16.12.2023 12:15

И по 35 години од своето постоење битолската висока медицинска школа произведува висококвалитетен кадар на медицински сестри, акушерки и др. видови на медицински занимања но ако некогаш тие беа значаен дел од нашето здравство последниве години се поголем е одливот во странските клиники каде дипломите им се признаваат...

Дипломираниот специјалист по биохемиски анализи, Моника Коруновска, е само една од над четирите илјади дипломирани студенти на прв или втор циклус за три и пол децениското постоење на оваа установа. Желбата ѝ е да биде дел од домашното здравство, но доколку не биде препознаена на пазарот на трудот, вели, ќе започне да ги дели мислите на колегите.

Тренд, кој е актуелен последните неколку години како резултат на препознатливите студиски програми.

Од управата на ова медицинска школа велат, задоволни се од прогресот, но жалат што многу од овие кади не се дел од државното здравство.

Констатации на кои не се рамнодушни, ниту оние кои пред 35 години ги удриле темелите на тогашната и единствена од таков вид во земјава, виша медицинска школа.

Денеска, како висока медицинска школа, е уште поважна алка во здравствениот синџир. Ректорот на Битолскиот универзитет вели дека и понатаму ќе делуваат во правец, таа во догледно време да прерасне и во факултет.

 

Стевче Митревски