Нема да има поскапи фактури за струја за домаќинствата од 1 јануари, најави министерот Бектеши
Фиксна давачка за пристап до мрежа ќе плаќаат корисниците што имаат недвижен имот во кој не живеат. Власта убедува струјата од јануари нема да поскапи.

Власта уверува дека цената на струјата нема да биде повисока од први јануари граѓаните се скептични. Некои од нив велат дека и покрај тоа што имаат нови броила немаат евтина струја.
Граѓаните се скептични дека цената на струјата нема да биде повисока од први јануари како што уверува власта. Некои од нив велат дека и покрај тоа што имаат нови броила немаат евтина струја.
Поскапување на струјата од први јануари нема да има за оние кои се постојани потрошувачи, туку само за оние кои имаат викендици и станови кои не ги користат или само повремено – вели министерот Бектеши|, додека се чека одлуката на РКЕ. Сè уште нема конкретни податоци за бројот на корисници во блоковите посебно.
Што се однесува пак до ветувањето на власта дека годинава ќе ја заокружиме со инфлација од 5%, Бектеши вели дека таа е и пониска. Антикризните мерки според него само позитивно можат да влијаат на инфлацијата со подобрување на стандардот на граѓаните.
Александра Велинова
