ДАНСКА

Нивото на закана од тероризам во Данска на четврто ниво

14.12.2023 15:05

Полицијата во Копенхаген и Данската служба за безбедност и разузнавање, извршиле неколку апсења поради сомневање за подготовка за терористички напад...

Полицијата во Копенхаген и Данската служба за безбедност и разузнавање, извршиле неколку апсења поради сомневање за подготовка за терористички напад.

Нивото на закана од тероризам во Данска во моментов е на четврто ниво. Според властите, антиисламските протести и палењето на Куранот ја влошиле општата безбедносна ситуација.

Заканата од терористички напади е зголемена и во Холандија, соопшти нтитерористичката агенција во кралството.