Директорот за проширување на ЕУ на средби со државниот врв

04.06.2014 17:02

За утре е предвидена средба со министерот за надворешни работи Никола Поповски и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, но, и со претставници на невладинбиот сектор. Неофицијално, изјава од Даниелсон нема да има...

Генералниот директор на директоратот за проширување на Европската унија, Кристијан Даниелсон попладнево допатува во Скопје. Тој пред еден час во Владата се сретна со премиерот Никола Груевски. Немаше официјална информација за што ќе се разговара. Во моментов, Даниелсон е на средба со лидерот на ДУИ во канцеларијата на Европската унија во центарот на главниот град.

Потоа се очекува бриселскиот дипломат да оди на средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев во партиското седиште на Бихаќка. Тоа најверојатно би било се на агендата на Даниленсон за денеска.

За утре е предвидена средба со министерот за надворешни работи Никола Поповски и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, но, и со претставници на невладинбиот сектор. Неофицијално, изјава од Даниелсон нема да има.

По посетата на Македонија преку соопштение Европската унија ќе соопшти детали за средбите на првиот човек на Директоратот кој ќе има и брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, а ќе разговара и со американскиот амбасадор Пол Волерс.

Даниелсон доаѓа во време кога опозициските пратеници се надвор од парламентот по поднесените оставки.

Најголемата опозициска партија пак објави дека утре во Брисел заминуваат Заев и Шеќеринска на средба до комесарот за проширување Штефан Филе.

 

Миле А. Ристески