Македонија

Заводот за статистика ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година

15.12.2023 09:47

Резултатите од анализираните податоци од проекциите на населението укажуваат дека во догледно време тешко може да се очекува подобрување на демографската состојба ако не се интервенира со соодветни решенија, велат од Статистика.

Државниот завод за статистика ќе ги презентира проекциите за населението во Македонија до 2070 година. Иселувањето е клучно за демографската иднина.

Резултатите од анализираните податоци од проекциите на населението укажуваат дека во догледно време тешко може да се очекува подобрување на демографската состојба ако не се интервенира со соодветни решенија, велат од Статистика.

Според податоците, годишно во просек околу 12 илјади лица се иселуваат од земјата. Освен со иселувањето, Македонија има проблем и со низок наталитет.