СЗО

СЗО со предупредување за штетноста на електонските цигари

15.12.2023 11:13

СЗО предупредува за штетните последици од употребата на електронските цигари и повикува на глобална забрана за сите ароми во производите...

СЗО предупредува за штетните последици од употребата на електронските цигари и повикува на глобална забрана за сите ароми во производите.

Според организацијата, овој вид цигари произведуваат супстанции за кои е познато дека предизвикуваат рак и претставуваат сериозни ризици за здравјето на срцето и белите дробови.

Се бараат итни мерки за контрола на овој вид производи, истакнувајќи дека нема убедливи докази за тврдењата дека им помагаат на пушачите да се откажат од никотинот и предизвикуваат зависност кај луѓето кои вообичаено не консумираат производи од тутун.