Германија
Уапсени припадници на Хамас коишто планирале напади во Европа
15.12.2023 11:15
Германските власти уапсиле четворица долгогодишни членови на Хамас кои се осомничени дека планирале напади врз еврејски институции низ Европа...

Германските власти уапсиле четворица долгогодишни членови на Хамас кои се осомничени дека планирале напади врз еврејски институции низ Европа. Од германското обвинителство велат дека тројца Либанци и Еѓипќани се уапсени во Берлин.
Четвртиот осомничен, холандски државјанин, бил приведен во Ротердам од холандската полиција која постапувала по информации од германските колеги.
Европските власти претходно предупредија на зголемен ризик од напади на радикализирани исламисти по почетокот на израелската војна со Хамас.
