Кина

Најмалку 100 лица повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг

15.12.2023 11:19

Над 100 лица се повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг. Кинеските власти потврдија дека 515 лица биле испратени во болница на преглед, од кои над 100 се здобиле со скршеници...

Над 100 лица се повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг. Кинеските власти потврдија дека 515 лица биле испратени во болница на преглед, од кои над 100 се здобиле со скршеници.

Несреќата се случила за време на шпицот, во дел од метрото што не е под земја. Според првичните информации, снегот на шините ја нарушил железничката сигнализација и довел до нагло запирање.

Во Пекинг во изминативе денови снегот значително го отежнува сообраќајот.