Македонија

Избор на нов член на Советот на јавни обвинители

15.12.2023 12:20

Во игра се тројца кандидати, Златко Иванов, јавен обвинител од ОЈО Струмица, Јелена Колева-Догазанска, јавна обвинителка од ОЈО Штип, и Даница Монева, јавна обвинителка од Вишото јавно обвинителство Штип.

Советот на јавните обвинители денеска спроведува избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип.

Во игра се тројца кандидати, Златко Иванов, јавен обвинител од ОЈО Струмица, Јелена Колева-Догазанска, јавна обвинителка од ОЈО Штип, и Даница Монева, јавна обвинителка од Вишото јавно обвинителство Штип.

Гласањето трае до 16 часот, по што ќе бидат сумирани резултатите.