Ќе остане ли Куманово без вода?!

05.12.2013 10:59

Со извршна правосилна пресуда целосно е блокирана сметката на кумановкото Ј.П Водовод .Сметката е блокирана за стар долг кон Водостопанство –липковско поле во висина  околу 7 милиони денари без затезна камата.Директорот на Водовод вели дека со оваа блокада бил прекршен член од Законот за извршување при што претпријатието оснанува без нужните средства од 10 милиони денари со кои ги извршува тековните активности .

На граѓаните не им позната новонастанатата состојба , но порачуваат да се најде решение за да не се доведе во прашање водоснабдувањето на градот.

Од Ј.П Водовод додаваат дека без денар на сметка ќе останат се додека не го подмират долгот, а очекуваат уште една блокада од пресудата по основ на камата.

Со доаѓањето на новиот менаџерски тим во Водовод , од летово подобрен е односот помеѓу двете претпријатија. Според договореното Водовод  ја подмирува обврската за исплата на  месечната рата од 3 милиони денари на сметката на Водостопанството.

Габриела Димковиќ